Тренерот на шпанскиот фудбалски првак Барселона, Кике Сетиен се извини за постапката на неговиот асистент, Едер Сарабија крај аут-линијата за време на поразот од 0:2 против Реал Мадрид минатата недела.
Сарабија не беше добро позната фигура за пошироката јавност пред шпанските телевизии да прикажат слики од неговите реакции во соблекувалната во Каталонците. Медиумите ја користеа техниката на читање усни за да објаснат некои од коментарите на стручњакот за фудбалерите на Барса.
– Им се извинивме на сите. Не можеме да го толерираме ова. Не сакаме да гледаме вакви ситуации. Направивме грешка и не сакаме тоа да се случи повеќе. Мојата ситуација влијае многу, бидејќи го оштети доброто име на клубот. Мора да се грижиме за тоа. Може да сме критикувани за промени, тактики, но не и за нашето однесување, изјави Сетиен за „Ел Периодико”.
Триесет и девет-годишниот Едер Сарабија го критикуваше Антоан Гризман за едно од неговите промашување пред голот на Реал Мадрид минатата недела. „Белите” победија со 2-0 на домашен терен во дербито на Примера дивизион и сега се први во привремениот пласман. Сарабија и Сетиен започнаа да работат заедно во Бетис во 2015 година.
– Треба да се контролираме подобро, претходно имавме вакви ситуации. Не сакаме да гледаме вакви работи, иако тоа се случува доста ретко, рече Кике Сетиен.
Во сабота, Барселона игра дома против Реал Сосиедад.