Тројца рекетари силувале должник во Србија

Против тројца жители на српскиот град Шабац на возраст од 25, 32 и 36 години поднесени се кривични пријави под сомнение за изнуда, но и за силување на извесен Никола П.

Како што пренесува српски „Блиц“, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, осомничените дошле кај нападнатиот и побарале пари за трета страна каде тој наводно должел. Според „Блиц“, Никола пред околу една година позајмил пари од малолетник (16), против кого исто така е покрената истрага.

Бидејќи тој не го вратил долгот, малолетникот, кој наводно се занимавал со лихварство, ги ангажирал тројцата насилници да му извршат притисок на должникот за да ги исплати парите.

Во случајот на изнуда, се верува дека тројцата рекетари го силувале момчето, што треба да се докаже во текот на истражната постапка.

Според „Блиц“, осомничените од претходно и се познати на полицијата и биле вклучени во трговија со дрога.

Тие се сослушувани и задржани во притвор во траење од 30 дена.

Треба да знаете
Последни објави