Францускиот пратеник Жан-Лук Рајцер, избран за претставник на Горна Рајна (Алзас), и еден вработен во Националното собрание се заразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА.
Пратеникот е хоспитализиран на интензивна нега во Мулуз, а неговата состојба се смета за „сериозна”. Загриженоста во Националното собрание е голема, со оглед дека Жан-Лук Рајцер (68 години) бил во пленарната сала на Националното собрание, каде што учествувал во вторникот на сесијата на пратенички прашања. Притоа е отворена и внатрешна истрага за идентификување на лицата кои биле во контакт со него, како и со вработениот, кој работел во парламентарното бифе.
Според француските здравствени власти во Франција, во моментот во земјата има над 400 потврдени случаи со коронавирусот, а седум лица починале.