Австрискиот фудбалски стратег Андреас Херцог кој ја предводи репрезентацијата на Израел, заедно со неколку луѓе од федерацијата на оваа земја со кои беа на ждрепката за извлекувањето на групите од новото издание на Лигата на нации во Амстердам ќе мораат да поминат 14 дена во карантин. Ова е задолжителна мерка во Израел која ја применува тамошното Министерство за здравство како превентива од коронавирусот.
Карантинот во Израел е задолжителен за сите кои учествувале на настани каде имало повеќе од 100 лица, а настаните се одржани во последните две недели.
Репрезентацијата на Израел во Лигата на Нациите се најде во групата 2 од Б дивизијата каде ќе игра против Словачка, Шкотска и Чешка.