Шеикот од Дубаи наредил киднапирање и мачење на своите две ќерки бегалки и ѝ се заканувал на сопругата

Владетелот на Дубаи наредил киднапирање и мачење на своите две ќерки бегалки, од кои едната била киднапирана во Велика Британија, а сопругата ја заплашувал и ѝ се заканувал, пренесува „Дејли мејл“.

Високиот суд соопшти дека милијардерот шеик Мохамед бин Рашид Ал Мактум, инаку пријател на кралицата Елизабета Втора, ја киднапирал ќерката принцезата Шемса од Кембриџ, откако избегала во 2000 година.

Тој, исто така, наредил командоси да ја киднапираат нејзината сестра принцезата Латифа од јахта во 2018 година, додека се обидувала да избега од Дубаи.

Нивниот татко, еден од најважните сојузници на Велика Британија на Блискиот Исток, е прогласен за одговорен за двете застрашувачки киднапирања.

Ниту една принцеза не е видена во последно време, и тие, наводно, се заклучени во палатата на нејзиниот татко, додаде судот.

Ендру Мекфарлејн, претседател на семејната дивизија, ги објави своите откритија по 10-месечниот случај, што започна минатата година кога најмладата сопруга на шеикот, принцезата Хаја Бинт Ал Хусеин (45) избегала од Дубаи плашејќи се за својот живот.

Шеикот Мактум, еден од најбогатите мажи во светот чие богатство се проценува на девет милијарди долари, водеше застрашувачка кампања на малтретирање на сопругата, пренесува „Дејли мејл“.

Принцезата избега во Лондон со нивната ќерка Џалила (12) и синот Зајед (8).

Судот дозна дека поради заканите, таа се плашела за својот живот и за животот на своите деца, за кои стравувала дека може да бидат киднапирани и присилно вратени во Дубаи.

Треба да знаете
Последни објави