Одделението за внатрешни работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против Т.Б.(67) од Прилеп поради постоење основи ан сомнение за сторено кривично дело „силување“. Во периодот од 26.02. до 02.03.2020 во семејната куќа во прилепско село, пријавениот во три наврати извршил обљуба врз неговата снаа(невенчана сопруга на неговиот посинок). На 04.03.2020 таа го пријавила случајот во ОВР Прилеп, по што бил лишен од слобода и задржан во Одделението за внатрешни работи Прилеп, а на 05.03.2020 судија на претходна постапка му определил мерка притвор во траење од 30 дена.