Поранешниот филмски продуцент Харви Веинстин е одведен во злогласниот њујоркшки затвор Рикерс, десет дена откако беше осуден за силување и сексуален напад.
67-годишниот продуцент од историската пресуда на 24 февруари се наоѓа во болница на Менхетен откако се жалел на болки во градите.
Веинстин, чии филмови освоуваа Оскари, по операцијата е пренесен во болничка единица на затворот Рикерс, рекол за агенцијата АФП, неговиот портпарол.
„Отстрането е запушувањето“ рекол портпаролот, а неколку американски медиуми пренесуваат дека на Веинстин му е вграден стент.
Веинстин е прогласен за виновен за сексуален напад на поранешната асистентка, Мими Халеји во 2006 година, како и за силување на поранешната актерка, Џесика Ман, во 2013 година.
Ослободен е по две точки од обвинението за предаторски сексуален напад, за што можел да добие доживотен затвор.
Рикерс е еден од најпознатите американски затвори во кои биле затворани славни личности како Сида Вичиоса од „Секс Пистолс“, раперот Тупак и поранешниот генерален директор на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Штрос-Кан.
Големиот комплекс, познат по редовните насилни испади против затворниците и чуварите, ќе биде затворен во 2026 година.