Бомбаш-самоубиец активирал експлозивен појас целејќи кон безбедносните сили од Амбасадата на САД во главниот град на Тунис, пренесува „Спутник“ цитирајќи ги локалните медиуми.
Според туниските медиуми, напаѓачот активирал експлозив додека возел моторцикл, насочен кон безбедносната патрола на патот што води кон амбасадата.
Корисниците на социјалните мрежи споделија бројни фотографии и видеа од местото на експлозијата, на кои се прикажани луѓе како трчаат по улиците. Според извештаите, најмалку пет лица се повредени во експлозијата, но бројот на жртвите може да се зголеми.
Une grande explosion près de l’ambassade des états-unis au Lac 2…
Aucune information sur la source de l’explosion…#Tunisie pic.twitter.com/zUyarZaATy— Zied Jendoubi (@Ziedjnb) March 6, 2020
Радиото „Шамс ФМ“ објави дека нападот не резултирал со жртви, освен самиот терорист.
Во меѓувреме, туниската полиција почна истрага за инцидентот.
Минатиот јуни, четири лица, меѓу кои и полицајци, беа повредени во експлозија пред полициско возило на централната авенија „Хабиб Бургуиба“ во Тунис, во близина на француската амбасада.