Најмалку 15 лица загинаа денеска во судири меѓу сириските владини сили и џихадистичките бунтовници во провинцијата Идлиб, неколку часа откако стапи во сила руско-турското примирје, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Опсерваторијата соопшти дека имало судири во регионот Џабал ал Зави, пренесе „Ројтерс“.
Загинаа шестмина сириски војници и нивните сојузници, како и деветмина борци од бунтовниците Исламска партија на Туркстан, се вели во соопштението на сириската опсерваторија за човекови права.