Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази надеж за „итен и траен прекин на воените дејствија” што ќе им помогне на луѓето од северна Сирија, откако Русија и Турција се договорија за прекин на огнот во Идлиб.
Договорот, кој влегува во сила од петок на полноќ, има за цел да стави крај на интензивните борби во Идлиб, северозападната провинција на Сирија, каде Анкара се бори против владините сили поддржани од Москва.
Гутереш изјави дека „се надева оти тој договор ќе доведе до итен и траен прекин на воените дејства, што ќе гарантира заштита на цивили во северозападна Сирија, кои веќе претрпеа огромни страдања”.