Европол ја поддржа операцијата против незаконската „онлајн” и „офлајн” трговија со злоупотребени и фалсификувани лекови.
Во операцијата се разбиени 12 организирани криминални групи, уапсени се 165 осомничени лица во Белгија, Кипар, Финска, Франција, Грција, Унгарија, Италија, Португалија, Словачка, Шпанија, Украина и Велика Британија. При тоа се запленети 7,9 милиони евра и приближно 36 милиони единици лекови, меѓу кои и псеудоефедрин, лек против рак, потоа антихистаминици, анксиолитици, лекови за еректилна дисфункција, хормонски и метаболички регулатори, наркотивци, лекови против болки, антиестрогени, антивируси, хипнотици и супстанци за допинг.
Во операцијата предводена од Националната жандармерија на Франција и Финската царини учествуваа органите на редот од 11 земји-членки на Европска Унија, Босна и Херцеговина, Украина, Велика Британија и САД.
Операцијата исто така е поддржана од Канцеларијата на ЕУ за интелектуално сопственост (ЕУИПО), Еуроџаст и Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ).
Европол соопшти дека операцијата е спроведена во периодот од јули до октомври 2019 година.