Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром доживеа и седми пораз во регионалната АБА2 лига и го доведе во прашање пласманот на второто место и поволностите во разигрувањето за пласман во најсилната регионалба лига. МЗТ Скопје ги разочара своите навивачи со поразот на гостувањето кај Нови Пазар (79:70).
-Нови Пазар е добра екипа,. На на овој меч не не служеше шутот. Мислам дека во одбрана не игравме лошо со оглед на тоа дека екипата на Нови Пазар постигнува многу поени. Борбата за второто место продолжува, ќе се бориме до последното коло, вели Ѓорѓи Кочов, тренерот на скопјани по најновиот пораз.
На домашната сцена МЗТ Скопје в недела во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува Еуро Никел во дербито од 16. коло од домашниот шампионат.