Најмалку две лица загинаа, а 18 се повредени во ракетен напад врз учесници на церемонија во Кабул, меѓу кои бил и авганистанскиот премиер Абдул Абдул.
Портпаролот на Абудл соопшти дека премиерот не е повреден.
Талибанците негираат дека се одговорни за нападот врз учесниците на церемонијата во чест на локалниот лидер на Хазарите, Абдул Али Мазари, кој беше убиен во 1995 година.
Министерот за внатрешни работи на Авганистан потврди дека специјални полициски единици се испратени на местото на нападот, додека авганистанскиот претседател Ашраф Гани го осуди нападот како злосторство против човештвото.
Хазарите воглавно се припадници на шиитската верска група, кои се честа мета на сунитските екстремисти во Авганистан.