Нови аудио-снимки од разговори се објавени на сервисот „Јутуб“, овојпат, од канал именуван како „ГолиТру“. Станува збор за пет снимки, на кои се слуша како Антонио Милошоски интервенира за донесување одлука во Врховниот суд за спор каде е вмешан неговиот татко, објави „А1он“.
На снимките се слуша гласот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој разговара со повеќе лица, а во врска со предмет за Здружение на возачи-Кичево за кој одлучувал и Врховниот суд. Во предметот бил вмешан таткото на Милошоски. На првата снимка објавена на „Јутуб“, се слуша како Антонијо Милошоски му се претставува на експретседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.
Сите видеа може да ги видите на следниов линк: https://www.youtube.com/channel/UCbbF2MCss4sfgnuowOGRPOg
„Ало добровечер. Јово, здраво живо. Анотнијо Милошоски е на телефон, што правиш, добар си?“, прашува Мишопоски, а Вангеловски одговара „Добар, добар, како си ти?“.
Милошоски му објаснува на Вангеловски дека е во Собрание и дека ќе гласаат закон.
„Сакав да те прашам, за ова што ти споменав за тој предметот на Здружение на возачи-Кичево.. Татко ми ми се јави ми кажа дека добил некоја информација сега од Врховен суд, дека е одлучено, но не баш поволно. И така. Па реков да те прашам, да не имаш некаква информација?“, прашува Милошоски.
„Сега, сега ќе се јавам. Затоа што тој предмет беше кај Николчо Николовски. Јас убаво му кажав и за кого е, и како е, и за кого“, вели Вангеловски.
„Ајде важи. Ај ако можеш провери го, поврзи ме со него, па да го чуеме“, вели Милошоски, а пак, Вангеловски се надворзува „Еј може и вака, директно, најдиректно. Бидејќи ќе имате комуникација“ по што му диктира телефонски број на Милошоски.
„Ќе му се јавам ќе му кажам дека сме се чуле и така“, му вели Милошоски на Вангеловски, се слуша на снимката.