Крузерот „Гранд принцес“ со повеќе од 3.500 патници и членови на екипажот е заглавен кај брегот на Калифорнија, откако неколку десетици патници почнаа да покажуваат симптоми на коронавирус.
Хеликоптер на американската крајбрежна стража достави тестови за коронавирус на крузерот и се чекаат резултатите. Крузерот нема да може да влезе во пристаништето сè додека не пристигнат резултатите.
Драмата на крузерот започна откако беше откриено дека првиот човек што починал од коронавирус во Калифорнија претходно патувал со тој крузер.
На крстосувачот има 2422 патници и 1111 членови на екипажот.
„Гранд принцес“ патувал од Сан Франциско кон Хаваи, но патувањето било скратено откако маж во Калифорнија починал од коронавирус. Се испостави дека човекот се наоѓал на крузерот од 11 до 21 февруари.