Нема нови тестирани за корона вирус- рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.
Сите странци, рече Филипче, кои влегуваат во нашата земја добиваат смс порака, во која се вели дека доколку почувствуваат за време на престојот симптоми слични на грип, да се јават на телефотните на Институтот за јавно здравје.
-Утрово добивме информација за 20 туристи, кои преку ГП „Деве Баир“ ќе пристигат од Сингапур и Јапонија, автобусот ќе биде пречекан и сите патници ќе бидат прегледани. Тие доаѓаат од Романија каде веќе има еден случај и поради тоа треба да бидеме внимателни- рече Филипче.
На владината седница која ќе се одржи денеска ќе се одлучи дали ќе се продолжи препораката за неодржување на масовни јавни собири и одржување на спортски натпревари без публика.
-Сите луѓе кои беа во изолација се во добра општа состојба, никој од нив нема симптоми, чекаме да поминат 14 дена, па ќе одлучиме дали сите ќе се тестираат, или ќе продолжи надзорот- рече Филипче.
Тој напомена дека треба да бидеме внимателни и да се одржуваат натпревари без публика.