Делегација на МПС денес во Битола на споменикот на загинатите полицајци

Делегација на Македонскиот полициски синдикат предводена од Претседтелот Д-р Марјан Кицев и Генералниот секретар Киро Трајковски  денес во Битола на споменикот ма загинатите полициски службеници  лоциран во СВР Битола положи свежо цвеќе и во чест   на 7’ми март, Меѓународниот ден за сеќавање на сите загинати  полициски службеници при вршење на службени задачи ,

Истовремено ги повикуваме сите релевантни фактори во Република Северна Македонија да оддадат почит на полициските службеници кои ги загубиле своите животи при извршување на службените задачи.

Како репрзентативен синдикат во Министерсвото за внатрешни работи работиме на заштита на правата на нашите членови и сите вработени во Министерството. Во периодот кој што престои ќе се отпочне со изготвување на нов колективен договор во кој ние како синдикат ќе бараме да се зголемат и заштитат правата на нашите членови особено во делот на безбедност и здравје при работа.

Како синдикат издвоивме значителна сума на средства од самата членарина за да секој од нашите членови биде доплонително осигуран 24 часа за несреќа при работа, проект со кој сме единствен синдикат во репубиката, како и што  чест на загинатите колеги низ целата година во нивните родни места организираме меморијални турнири.

Македонскиот полициски синдикат воедно го изразува своето длабоко сочувство до семејствата на загинатите припадници на Македонската полиција кои своите животи ги положија при извршување на службените задачи.

Нашите херои кои положувајќи го , сопствениот живот носејќи ја полициската униформа, оставија вечна трага и свое место во историјата, но и во иднината на генерациите што доаѓаат.

Генерации на кои им останува обврска да водат грижа за тие ХЕРОИ , никогаш не бидат заборавени..
Треба да знаете
Последни објави