Мустафа: Гренел предупреди на санкции

Лидерот на косовскиот Демократски сојуз, Иса Мустафа, соопшти дека телефонски разговарал со претставникот на претседателот на САД за дијалог на Белград и Приштина, Ричард Гренел, кој го предупредил на први санкции доколку косовскиот премиер безусловно и целосно не ги укине даноците на стоките од Србија и БиХ, пренесе денес порталот „Коссев“.

Во интервју за РТВ 21, Мустафа откри дека разговарал со Гренел.

-Гренел ме контактираше по телефон, предупредувајќи ме за санкции на средствата за Милениумскиот предизвик, рече Мустафа.

Тој потврди дека Гренел барал безусловно укинување на таксите.

Треба да знаете
Последни објави