Најмалку 20 жртви во невреме во Пакистан

Најмалку 20 лица, меѓу кои 14 деца, загинаа, а десетици се повредени во невреме во Пакистан, каде што се урнати повеќе куќи, соопшти денеска локалната Служба за кризни ситуации.

Невремето го погодило северозападен Пакистан, во близина на границата со Авганистан.

Локалните медиуми јавија дека се оштетни повеќе од 50 домови во областа каде што врнел обилен дожд и снег.

Оваа зима во невремиња, лавини и поплави во Пакистан и Авганистан загинаа повеќе од 130 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави