Новиот коронавирус продолжува да се шири во Франција и според последните податоци регистрирани се 716 заразени лица и 11 лица почнале, јавува дописникот на МИА.
Франција се уште е во втората етапа на мерките за претпазливост, но очигледно третата фаза е во тек на подготовка.
Во Оаз и Горна Рајна (Мулуз) каде се регистрирани најголемите жаришта на епидемијата сите училишта се затворени во наредните 15 денови. Француската прва лига го има и првиот откажан натпревар од домашното првенство меѓу Стразбур-ПСЖ. Забраната за собири со повеќе од 5000 лица останува на сила се до средината на април.
Според Министерството за здравство, целокупниот медицински персонал и 150 здравствени установи се мобилизирани во борбата против вирусот.