СДСМ за три години ја опустоши економијата. Ветија 5% раст, а остварија само 2.5% за целиот период додека се на власт.
За само три години го зголемија јавниот долг за нови 1 милијарда евра, а притоа нивото на капитални инвестиции едвај надминуваше 50%.
Наместо да реализираат проекти врхушката на СДСМ играше чочек во тунел на автопат кој го направи ВМРО-ДПМНЕ.
Невработеноста не се намалува, туку граѓаните се иселуваат. Ни се случува вистински егзодус. Вработувањата со кои се фалат 2/3 се во јавната администрација, тоа се непродуктивни работни места кои го празнат буџетот.
Младинската невработеност е највисока во Европа. Власта бе направи ништо за младите. Над 20.000 луѓе годишно заминуваат само во Германија.
Заев, Спасовски и Ангеловска ја уништија економијата, ги мотивираа младите да се иселат, затоа што не создадоа можности тука да останат.
СДСМ излажаа пред три години, лажат и сега. СДСМ никогаш повеќе. Граѓаните заслужуваат подобро. Обновата доаѓа со ВМРО-ДПМНЕ.