Три години откако е СДСМ на власт, Македонија стагнира во секое поле.
За три години СДСМ не вложи денар ниту во образованието и културата. Во Македонија културата стана предмет на политичка трговија, програми и пари кои се делат, не по квалитет туку по бизнис и политички мотиви.
Образованието веќе три години не е во фокусот на оваа криминална влада.
По 12-ти април потребно е воспоставување на концепт на обнова која ќе донесе коренити реформи, квалитет и мотивација во образованието и културата.
Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе овозможи најмалку еден Универзитет да биде во првите 1.000 според Шангајската листа за квалитет. Денес нема Универзитет од Македонија кој е меѓу 1.000 најдобри во светот. Македонија не постои на мапата за квалитет во високото образование.
ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го овозможи со најмалку еден универзитет кој според својот квалитет ќе се рангира на Шангајската листа. Македонија да стане извозник на наука, извозник на знаење.
По 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира својата влада ќе донесе обнова на државата врз основа на реални мерки.