Денеска во периодот од 00.30 до 02.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Б. Б. (48) од село Орланци ,општина Арачиново. При претресот биле пронајдени еден пиштол „Зораки-М-906″ со рамка со шест куршуми и уште два куршуми. Претресот бил извршен по претходна пријава на неговата ќерка за семејно насилство и закана со пиштол. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.