Полицијата вечерва открила нов случај на криумчарење мигранти близу македонско-грчката граница. Станува збор за група поголема од 60 мигранти пронајдени во камион со скопски регистарски таблички во близина на селото Миравци. За настанот е известено обвинителството за гонење организиран криминал.
Според неофицијални информации возачот на камионот бил од Скопје и против него утре ќе биде поднесена кривична пријава.
Обидите за криумчарење мигранти во земјава зачестија откако Турција ја крена рампата за нивен трансфер кон Грција и Бугарија.