Попладнево пообилни врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои во попладневните и вечерните часови на места ќе бидат пообилни и поројни.

До утре претпладне се очекува локално да наврнат и над 25 л/м2 воден талог, а најобилни врнежи се очекуваат во западните и северните делови. Локално ќе има појава на нестабилна облачност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер (над 80 км/час).

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, кои доцна попладне и во вечерните часови ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Максималната температура ќе достигне 11 степени.

Треба да знаете
Последни објави