Како прво, во име на Алијансата за Албанците, би сакалa да им упатам честитки на сите тие кои им даваат светлина и дух на нацијата. Драги наставници среќен 7ми март, Ден на образованието на Албанците! Честитки до сите ученици и родители исто така! Честитки Албанци!
Денот на албанското образование би имал повеќе смисла ако денес, по 133 години од отворањето на првото албанско наставно училиште во Корча, би немале ученици чие право за учење на албански јазик се уценува. Ова е уште повеќе навредливо кога Албанец го води Министерството за образование, додека учениците од Чашка,
Идризово и Битола се принудени да учат на странски јазик, додека пак тие од Блаце се уште пешачат по километри во странска земја затоа што нивната држава не успеа да им обезбеди училиштен објект.
Честитките за денот на наставниците не се значајни кога учениците дури и сега, кога помина повеќе од еден месец од второто полугодие, сè уште немаат учебници. А, тие што ги имаат се искинати, па дури и нивната содржина сериозно го навредува или исмева читателот.
Честитките за наставниците би имале смисла кога училиштата не би биле толку уништени и кога делата работени од рацете на учениците не би виселе на испуканите ѕидови на училиштата, честопати и без основни услови за учење.
Честитките за наставниците би имале смисла кога образованието не би било крајно политизирано и нивните најдобри ученици не би завршиле како келнери или како илјадници прогонети од земјата во потрага по достоинствен живот, без понижување.
Постојат и многу други причини кои го губат значењето на овој ден, како и многу други денови, и тоа не прави нас (Алијансата за Албанците) должни вредно да работиме за реални образовни реформи по победата на 12 април, што би вклучувале конкретни мерки кои започнувајќи од:
– Изградба на достоинствени капацитети за учење за сите ученици, без оглед на етничката припадност,
-Нови учебници со елиминирање на дискриминаторскиот јазик употребен во учебниците и навремено снабдување со учебници.
– Измена и дополнување на законот за образование на сите нивоа (предучилишно, основно, средно и високо образование). Оваа промена ќе има за цел прилагодување на образовниот систем со потребите на пазарот на трудот.
-Зголемување на платата на образовните работници, така што нивната плата ќе може да го исполни животниот стандард и да биде во согласност со платите на образовните работници во другите европски земји.
Има и многу други проблеми кои бараат итно решение, кои за жал не можеме да ги презентираме сите овде, но истите ќе бидат достапни во заедничката програма на Алијансата за Албанците и Алтернатива под мотото „Држава за сите“.
И на крај, би сакала да ве охрабрам и да ве повикам да станете раката што ќе ја донесе промената на 12 април, промена потребна на сите, а особено вас, драги наставници.
Не постои ништо подобро отколку да го вратиме нашето достоинство! Ви благодарам!