(Видео) Ливерпул со пресврт им се врати на победите

Фудбалерите на лидерпот во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција Ливерпул го положија последниот испит пред реваншот со Атлетико Мадрид од осминафиналето на елитното клупско натпреаврување Лигата на шампионите. Лифверпул го совлада Борнмут со 2-1 и со тоа им се врати на победите по поразите од Вотфорд (3-0) и Челзи (2-0 ФА Куп) во кој не успеа да даде ниту еден гол. Дуелот на „Енфилд Роуд“ имаше шокантен почеток за Ливерпул. По само 9 минути игар гостите ја погодија мрежата на домаќинот преку Вилсон и наметнаа дополниутелен притисок кај избраниците на тренерот Јирген Клоп дека резултаската криза може да продолжи.

Таквата непријата ситуација ја прекина Салах кој израмни (1-1) во 25 минута, а осуминути подоцна Мане ја искористи асистенцијата на Ван Дајк и го обезбеди посакуваниот победнички резултат за својот тим.

https://streamable.com/hbk2g

Треба да знаете
Последни објави