ДУИ ги отвори картите со имињата на кандидатите носители на листите со кои ќе трчаат на изборите

ДУИ прва ги отвори отвори картите со имињата на своите кандиддати за пратеници со кои ќе анстапи на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. Партијата на Али Ахмети, ги назначи носителите на листите. Според Алсат, во шестата изборна единица како носител на листата ќе настапува лидерот на партијата Али Ахмети. Во првата изобрна единица ДУИ, ќе истрча со поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити.

Во втората изборна единица носител ќе биде министерот за образование Арбр Адеми. Спикерот Талат Џафери ќе биде носител во петтата изборна единица, додека поранешниот министер за економија Беким Незири, ќе биде носител во третата изборна единица.

Треба да знаете
Последни објави