Заев го води орото на свадба кај Генералниот секретар

Заев го води орото на свадба кај Генералниот секретар

Генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за земјоделие Љупчо Николовски и неговата сопруга Андријана Јакимовска, заедно со роднините и пријателите вечерва го хотелот Александар Палас го слават почетокот на својот брак.

Меѓу гостите е и целиот политички врв на СДСМ на чело со претседателот на партијата, Зоран Заев.

Николовски ја запроси Андријана лани, кон крајот на месец јули во словенечкото гратче Порторож покрај брегот на Јадранско Море, чие име во превод значи пристаниште на розите. Се знаеле цел живот, бидејќи и двајцата се по потекло од ист град, и долги години биле заедно.

Треба да знаете
Последни објави