Клековски: СДСМ има потреба од дистанца кон ДУИ, коалицијата со БЕСА е од нужда

Коалицијата меѓу СДСМ и БЕСА не е на идеолошка основа туку од нужда, чиј ефекти ќе се видат понатаму во зависност од комплементарноста и синергијата на настапите и пораките на двете партии, вели политичкиот аналитичар Сашо Клековски во изјава објавена во најновиот број на неделникот Фокус.

-За Македонија е клучно намалување на меѓуетничкиот јаз, а важен чекор во тоа е намалување на тој јаз во политиката. Предизборни коалиции се добар чекор во тоа насока за поместување на меѓупартискиот натпревар од етничко на идеолошко поле. Противник сум на принципот „победник со победник“ од самиот почеток. Затоа овој чекор е за поздравување. Од друга страна оваа коалиција е кроз-етничка, но не е идеолошка. Беса се декларира како социјално-конзервативна, и симпатизери на СДСМ ја нарекуваа „исламисти во одела“. СДСМ се декларира за лева и либерална партија. Оттука ова не е идеолошка коалиција, туку коалиција од нужда, слично како коалициите на СДСМ со ВМРО-НП и слични десни партии. Предизвикот на коалиции кои не се засновани на идеологија и вредности, туку на нужда е како ќе бидат прифатени од гласачите и колку ќе траат – истакнува Клековски.

Во контекст на предизборната конфронтација меѓу владејачките партнери СДСМ и ДУИ, тој коментира дека СДСМ има потреба од дистанцирање од ДУИ, бидејќи, според него, има големо незадоволство од ДУИ во самиот СДСМ и меѓу гласачите.

-Во македонската политика се е можно. Можно е денес да не се согласувате и конфронтирате, а утре да правите коалиција, бидејќи доминира клинтелистички, а не идеолошкиот пристап. СДСМ има потреба од дистанцирање од ДУИ бидејќи има големо незадоволство од ДУИ во самиот СДСМ и меѓу гласачите. Дали е тоа реално незадоволство или СДСМ ги насочуваше критиките кон Владата на адреса на ДУИ (добар полицаец, лош полицаец) не е важно, важна е перцепцијата на ДУИ како лош меѓу гласачите на СДСМ – истакнува Клековски.

целиот линк прегледајте го на: Фокус.мк

Треба да знаете
Последни објави