Почина спортскиот новинар Милутин Станковиќ

По кусо боледување, денеска во Скопје, во својата 60. година од животот почина спортскиот новинар Милутин Станковиќ.

Станковиќ беше еден од новинарите кој и се посвети на кошарката. Почна во дневниот весник  „Нова Македонија“ каде остана до 2000 година, кога премина во новотоворениот весник „Вест“, каде што долги години беше уредник на спортската редакција.

Погребот е закажан за утре на градските гробишта во Бутел.

Треба да знаете
Последни објави