Бројот за поништени тендери во 2019 кога Васко Ковачевски е директор на ЕЛЕМ, во однос на 2017 е пораснат од 149 на 409, изјави Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа значи, како што кажа Томовски, дека бројот за поништени тендери е пораснат за цели 175% односно за дури 3 пати повеќе.
„АД ЕЛЕМ е еден од најголемите институции во Република Македонија и институција која е во првите 10 најголеми објавувачи на тендери и јавни набавки. Затоа и Васко Ковачевски беше поставен за директор, за да може да ги реализира јавните набавки и тендери на АД ЕЛЕМ и РЕК Битола по теркот на Заеви. Транспарентноста е слаба страна на СДСМ и Зоран Заев, па затоа во текот на 2019-тата година, мораме да потенцираме дека дури 57% од сите објавени тендери во Република Македонија, завршиле со 1 или 2 понудувачи во 4 очи. Замислете колку работа ќе има новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, само да ги истражи сите овие сомнителни криминални тендери во 2019-тата година“, рече томовски.
Според него, бројот на поништените тендери зборува за недомаќинското и криминално работење на ЕЛЕМ во изминативе 3 години.