Леброн Џејмс влезе во историјата на кошаркарската НБА лига како трет играч кој успеал да ја надмине границата од постигнати 34.000 поени.
Ѕвездата на лејкерси го стори тоа во триумфот над Милвоки со 113:103 и по седум години ги одведе „жолто-сините” до плејофот.
Над 34.000 коша во кариерата досега постигнаа само Карим Абдул Џабар (38.387) и Карл Мелоун (36.928).