Кипар ѝ помага на Грција, испраќа војска на грчко-турската граница

Кипар ќе распореди безбедносни сили на грчко-турската копнена граница, соопшти денеска портпаролот на кипарската влада, Киријакос Кусиос.

Како што кажа, ова е со цел да ѝ се помогне на Грција да ги заштити границите од бранот на мигранти и бегалци кои сакаат да навлезат на европско тло.

Тој рече дека кипарскиот претседател Никос Анастасиадес, на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис утрово му ја пренел одлуката за распоредување на силите во телефонски разговор.

Треба да знаете
Последни објави