Најмалку десет лица загинаа кога се сруши хотел на пет ката во Кина.
Хотелот, кој служеше како карантин за заболените од коронавирус, се сруши синоќа, а во моментот внатре престојувале 80 лица, од кои девет успеале да избегаат, а другите останале под урнатините.
Спасувачите досега извлекле 48 луѓе.
Во спасувачката акција учествуваат 848 пожарникари со 169 машини и седум кучиња.
„Ние користиме детектор за да воочиме некакви знаци на живот“, рече шефот на тимот за спасување, Гуо Јутуан.
Сопственикот на зградата е приведен и истрагата е во тек.