Трамп задоволен од односите САД – Бразил

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ги пофали односите на САД и Бразил откако шеф на државата е Жаир Болсонаро.

Но, Трамп одби да каже дали ќе воведе царини за бразилскиот челик и алуминиум.

– САД му помогнаа на Бразил, но нема ништо да ветувам за царините, посочи Трамп пред вечерата со Болсонаро во летувалиштето Мар-а-Лаго во Флорида.

Двете најголеми економии во западната хемисфера беа во трговска војна поради американските царини за метал. Но, Болсонаро во декември изјави дека Трамп му потврдил дека нема да се воведуваат нови царини за бразилскиот челик и алуминиум.

– Бразил го сака и САД го сакаат. Пријателството најверојатно е посилно од претходно, истакна Трамп за Болсонаро

Треба да знаете
Последни објави