Алушовски: Ова беше само прво полувреме со Нексе, бевме посреќни

Европскиот ракометен првак Вардар минимално победи кај Нексе во регионалната СЕХА-лига (30-31), резултат кој го радува тренерот Стевче Алушовски. Предводникот на „црвено-црните“ истакна дека немало да е незаслужено ако победел и Нексе и предупредува дека ништо не е готово.

„Ова беше само прво полувреме со Нексе. Немаше да биде незаслужено ако хрватскиот тим победеше. Ние бевме посреќни во финишот. Вториот меч не чека и ќе мора да покажеме уште едно добро издание ако сакаме пласман на Ф4-турнирот“, изјави Алушовски.

Реваншот меѓу Вардар и Нексе во рамки на четвртфиналето од СЕХА-лигата се игра следниот викенд во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави