Осмомартовски цвеќиња за жени возачи во Битола

 СВР-Битола, поводно и во рамки на проектите Полицијата и граѓаните заедно” и Безбедно во сообраќајот” денеска на сите жени возачи им го честитаа меѓународниот празник 8 Март.

Отсекот за превенција, полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР-Битола, во координација со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот-РСБСП и училишната сообраќајна единица од овој град изведоа превентивна акција на повеќе пункта низ Битола каде на возачите и пешаците жени им подарија цвеќе.

Од СВР-Битола и денеска апелираа за внимателно возење и почитување на сообраќајните правила и прописи.

Треба да знаете
Последни објави