Ристовски: Вардар мора да поправи многу работи пред реваншот

Борко Ристовски имаше солидно деби со девет одбрани, а го фати последниот напад на Нексе и донесе триумф за Вардар на гостувањето во Нашице (30-31), во рамки на првиот четвртфинален натпревар од СЕХА-лигата.

По дуелот чуварот на мрежата ја коментираше средбата и истакна дека мора да се поправат многу работи.

„Говорејќи за нашата игра, можам да кажам дека не може да бидеме презадоволни затоа што мора да поправиме многу работи. Пред се во одбраната, да се наместиме подобро за реваншот во Скопје. Кога се ќе се сумира, првото полувреме беше солидно за нас резултатски, ама играчки мораме да бидеме многу подобри понатаму“, изјави Ристовски.

Вардар и Нексе вториот натпревар ќе го играат во Скопје, в недела. Македонскиот тим е бранител на тронот во СЕХА-лигата и важи за фаворит за пласман на Ф4-турнирот во Задар.

Треба да знаете
Последни објави