Во Хонг Конг денеска е пријавен третиот смртен случај предизвикан од Ковид-19.
Се работи за 76-годишна жена кај која на 28 февруари се појавиле симптоми на треска, тешко дишење, кашлица и болки во стомакот и истиот ден била примена во болница, соопшти болничката управа.
Во Хонг Конг, денеска се пријавени четири нови заразени лица со што вкупниот број се искачи на 114.