Демократската партија на Турците во предизборна коалиција со СДСМ

Демократската Партија на Турците (ТДП) денеска на седниците на Централниот Управен Одбор и на Централното Собрание на партијата, во врска со предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април, донесе одлука за предизборна коалиција со СДСМ и ги избра кандидатите за пратеници во шестата и четвртата изборна единица.

На овие состаноци, претседателот на ТДП, Бејџан Илјас на членовите на ЦУО и ЦС им ги пренесе информациите околу средбите со партиите кои покажаа интерес за предизборна коалиција, со тоа што беа истакнати предлозите добиени на тие средби.

После деталната нелколку часовна расправа и дебата на членовите на ЦУО и ЦС, Демократската Партија на Турците (ТДП) донесе едногласна одлука за предизборна коалиција со СДСМ на претстојните парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 Април 2020 година.

Истовремено на седницата на Централното Собрание на партијата за кандидати за пратеници на престојните предвремени парламентарни избори, едногласно беа избрани, во шестата изборна единица претседателот на партијата Бејџан Илјас, а во четвртата изборна единица Генералниот Секретар на партијата, Енвер Хусеин.

Треба да знаете
Последни објави