Две лица доцна синоќа извршиле разбојничка кражба во селото Сливник.
Додека сопственикот на куќата бил во Италија, а неговите четири ќерки во домот, крадците преку прозорецот влегле внатре.
Тие со пиштол и тврд предмет им се заканиле на женските лица и одзеле златен накит и часовник, по што побегнале, информираат од МВР.
Случајот во полицијата го пријавил братот на сопственикот на куќата.