Најмалку 10 лица загинаа во хотелот-карантин што се сруши во Кина

Најмалку десет лица загинаа кога се сруши хотел на пет ката во Кина.

Хотелот, кој служеше како карантин за заболените од коронавирус, се сруши синоќа, а во моментот внатре престојувале 80 лица, од кои девет успеале да избегаат, а другите останале под урнатините.

Спасувачите досега извлекле 48 луѓе.

Во спасувачката акција учествуваат 848 пожарникари со 169 машини и седум кучиња.

„Ние користиме детектор за да воочиме некакви знаци на живот“, рече шефот на тимот за спасување, Гуо Јутуан.

Сопственикот на зградата е приведен и истрагата е во тек.

Треба да знаете
Последни објави