– Чешкиот премиер Андреј Бабиш ја повика Владата во Рим да им забрани на Италијанците да патуваат во Европа како начин да се спречи понатамошното ширење на епидемијата на Ковид-19.
Според Бабиш, Италијанците не треба да патуваат во Европа, затоа што повеќето случаи на заразени во Германија, Франција и Шпанија се поврзани со Италија.
– Самите ние не можеме да објавиме таква мерка во рамките на Шенгенскиот простор, истакна тој и ги повика Чесите кои патуваат во Италија по работа или приватно, брзо да се вратат дома.
Во Чешка досега се регистрирани 31 случај на заразени со новиот коронавирус.