Лице вработено на одржување на забавниот парк „Дизниленд“ во Париз е позитивно на коронаворус, соопшти портпаролот на паркот.
Тој навел дека вработениот не бил во контакт со посетителите и дека паркот останува отворен, пренесува „Ројтерс“.
Од управата на „Дизниленд“ соопштиле дека сите колеги кои биле во контакт со заразениот ќе бидат прегледани.