Ни се заканува ли епидемија од коронавирус во земјава?!

По последните случувања со коронавирусот во земјава експерти предвидуваат дека на праг сме на епидемија. За да трагиката биде поголема на симпозиумот во саботата на која свое предавање имала директорката на Кожната клиника Нина Цаца Билјаноска, биле и гости лекари од Грција и Албанија. Експертите велат дека не е тешко да се пресмета дека можна е епидемија на вирусот за многу кратко време ако се земе во предвид дека скоро сите присутни стотина гости се семејни луѓе кои може вирусот да го однесат дома и на работните места. Од друга страна не се знае дали во ресторанот после настанот имало и други состаноци и колку луѓе биле присутни таму.

Официјално до сега болни се четворица, а во домашна изолација се педесетина луѓе од кои и здравствени работници од Центар Жупа. Детали за понатаму Министерсвото за здравство најавува за попладневната прес конференција.

Треба да знаете
Последни објави