Франција од денес да ги забрани сите собири на кои има повеќе од 1.000 учесници, откако го премина прагот од 1.000 заболени од коронавирусот, јави од Париз дописникот на МИА. Властите одлучија претстојниот фудбалски натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите ПСЖ – Борусија Дортмунд да се игра без публика, додека натпреварот последното коло од турнирот на Шесте нации во рагби, меѓу Франција и Ирска, кој требаше да се игра на „Стад де Франс” е одложен на неодредено време.
Целта е на овој начин да се запре ширењето на Ковид-19, откако 1126 лица , односно 177 случаи повеќе за само 24 часа, беа заразени во Франција. Исто така е потврдено дека од почетокот на епидемијата починале 19 лица.
Меѓу ново заразените има уште два пратеници, со што бројот на заразените француски пратеници се искачи на четири.
До денеска во Франција беа забранети собири со повеќе од 5.000 лица.