Интегрален текст од изјава на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
„Спектакуларно избраниот состав на овој орган за заштита од корупцијата, за скандалот Шпанско Село 2 се уште нема ниту збор. Пред три недели побарав од ДКСК да отвори случај за Касарната на Филипче. Од тогаш до сега Касарната се претвори во цело Шпанско село на 15.500 м2, ама за ДКСК очигледно нема потреба од делување.
Скандалот Шпанско село 2 доби потврда од министерот Венко Филипче, доби потврда и од директорот на клиника Илир Хасани. Двајцата потпишувале набавки во милионски износи во евра со компанија на човек кој што е сосопственик и соинвеститор на градежни плацеви со семејството на Филипче и директно со Хасани. Нивниот партнер во Шпанско Село 2 за медиумите признава дека е сопственик на компанијата добитник на тендерите.
Од министерството за здравство под Филипче и од Илир Хасани како директор се излеани околу 8 милиони евра за компанијата на нивниот семеен сосопственик и партер во градењето на Шпанско село 2. Сето ова е поткрепено од јавно достапни документи за јавни набавки и јавните катастарски податоци, како и од нивни изјави и соопштенија.
Антикорупционерите имаат чист случај и укажуваме на можноста веднаш успешно да отворат и да затворат барем еден висок корупциски скандал, за споменикот на Рекетот и Корупцијата Шпанско Село 2.“