Цаца држела состанок во „Roof top“, газдите никој не ги контактирал од МЗ

Директорката на Кожна клиника во саботата била на денска шема во познат скопски ресторан заедно со стотина луѓе во центарот на Скопје. Сопственикот на ресоранот на за 24 инфо ја потврди информацијата, но кажа дека лично не бил присутен на настанот. Зборувавме и со таткото и со синот и според нивната изјава никој од Министерството за здравство не ги контактирал денес.

-Сега од средствата за јавно информирање дознав за настанот. Никој од здравствените власти не ме контактираше, а не можам да и дадам детали бидејќи не бев лично присутен на настанот- вели сопственикот. Се јавивме и кај еден од синовите кој не сакаше да зборува за детали.

Вомеѓувреме контактиравме со дел од учесниците на симпозиумот. Тие се во паника бидејќи скоро сите биле во директен контакт со дирекорката.

– Никој од Министерството за здравство не контактирал со нас ниту пак не известил дека сме биле во контакт со заразено лице. Дел од моите колеги веќе прават тестови во приватна клиника. Какви се резултатите не знаеме, велат дел од учесниците за 24 инфо.

Треба да знаете
Последни објави