Јанакиески: Нинџа лаже, со распит на екс претседателот Иванов ќе станат јасни многу нешта

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој е еден од четворицата обвинети за организирање на крвавите настани од 27 април 2017 година на денешното рочиште изјави дека е невин.

– ОЈО до сега има направено низа суштествени повреди на постапката. Пред Вилма Русковска дадов исказ од 50 страни, а не минаа ни 48 часа тие поднесоа обвинителен акт. Немало правична истрага за настаните од 27 април. Обвинителството има оскудни докази. Целата јавност заслужува да ја дознае вистината за овој случај. Изјавата на Александар Василевски Нинџа не го знам, ниту сум имал со него контакт. Оваа негова трета изјава е полна со лаги и со ветување за поволности кон него. Нинџа може бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, но во тоа време јас не сум бил. Целата негова изјава е лажна. Затоа од судот бараме дополнителни докази. Никаде во обвинителниот акт нема наведено кој од обвинетите каква наводна улога имал во тој акт. Не сум давал никакви наредби или сум координирал пратеници за да преземат некакви постапки во Собранието на Македонија, рече Јанакиески.

Тој додаде дека со распит на екс претседателот Ѓорги Иванов ќе станат јасни многу нешта.

Додаде дека неговата партија само ги поддржувала протестите, но не ги организирала настаните. Јанакиески го повика јавниот обвинител Љубомир Јовески, да го рагледа уште еднаш обвинителниот акт и да го повлече обвинението против него.

Треба да знаете
Последни објави